Еурофарм Пелистер 2 е начекор поблиску до плеј-оф, откако го победи Тиквеш во Кавадарци
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 му се одмаздија на Тиквеш за поразот во првиот меч оваа сезона и прославија победа во Кавадарци со 26-27.
Со овие бодови битолчани се чекор поблиску до остварување на целта – пласман во плеј-офот, иако има уште да се игра до крајот на регуларниот дел од Суперлигата.
Во последната минута беше 25-26, па 26-27, а имаше уште некоја секунда за домашните да изборат барем бод, но не се снајдоа и победата ја однесоа битолчани.
Најдобри стрелци кај победникот беа Кузманоски со осум и Талевски со шест погодоци, а голманот Ивановски имаше 12 интервенции. Кај Тиквеш се истакнаа Симиќ со седум и Јанчев со шест голови.
Текст и фото:Димитар Петковски