Don't Miss
Home / Вести / Бугарија ја блокира Македонија на патот за ЕУ

Бугарија ја блокира Македонија на патот за ЕУ

Заклучоците на министрите на ЕУ за проширувањето на земјите од Западен Балкан се блокирани и малку е веројатно дека ќе бидат усвоени како што е планирано на утрешниот состанок на Советот на ЕУ, дознава Танјуг во Брисел.

Од Советот на ЕУ за агенцијата велат дека останале неколку часови за евентуален договор, а ЕУ министрите за општи работи на агендата на утрешниот состанок, прашањето за проширувањето го ставиле под точка „разно“.

Истовремено, најавено е дека прашањето за проширување нема да се најде ниту на агендата на состанокот на лидерите на ЕУ 27 кој на самитот во Брисел се најавени за 10 и 11 декември.

„Не е невозможно прашањето за проширување да не биде поставено, но агендата е веќе полна“, проценуваат во Брисел.

Од германското претседателство со Советот на ЕУ велат дека се фрустрирани поради неможноста за напредок по прашањата за преговарачката рамка за Северна Македонија, на која, барем во моментов и е блокиран процесот на усвојување на заклучоците за сите земји од процесот на проширување. „Направивме се што беше можно за да се дојде до компромис, но до овој момент тоа е невозможно да се направи. Незадоволни сме од фактот дека Бугарија ги блокира пристапните преговори поради билатерални историски прашања кои не припаѓаат на контекстот на проширување, наведува висок ЕУ дипломат.Тој наведува дека поради блокадата на преговарачката рамка за Северна Македонија, блокирана е и Албанија. -Целата работа е блокирана, и тоа навистина е неповолно, заклучуваат во Брисел.Во Брисел напоменуваат дека преговорите продолжуваат, но нема многу оптимизам околу позитивен исход до крајот на годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*