Don't Miss
Home / Вести / Монтери за климите нема низа лек

Монтери за климите нема низа лек

Иако веќе подолго време сме навлезени во зимскиот период,кога граѓаните на големо ги вклучија грејните тела, сепак голем брј граѓани кои треба(ше) да добијат инвертер клими не само што не ги имаат добиено климите поради тоа што не се платени од Општината, туку и тие што добија инвертери не можат истите да ги користат, бидејќи во Битола нема монтери кои можат да ги монтираат.

Во редакцијата на порталот на Битолски весник се јавија голем број наши читатели кои реагираат дека не само што нема монтери за монтирање на климите, туку некои монтери ги уценуваат граѓаните и ги условуваат и им бараат дури и по 6.000 денари за монтирање на климите.

Во таква ситуација граѓаните не знаат што да прават бидејќи надевајки се дека ќе добијат инвертери не се обезбедија со дрва и сега останаа ни на небо, ни на земја.

-Добро што иако конкурирав за инвертер ја задржав печката на дрва и на време се обезбедив со дрва. Ако не го направев тоа не знам што ќе правам.Со денови се јавувам кога од продавницата ќе ми ја достават климата, но за жал одговор немам, ни вели еден наш читател.

Како што стојат работите најголмиот број битолчани наместо за греење климите ќе ги добијат на лето и ќе ги користат за ладење.

Дотогаш ке мора да се затоплуваат на дрва,или на палети, а колку тоа ќе влијае за почист воздух останува да покаже времето.

Некои читатели пресметаа дека со моменталната бројка на монтери колку што има во Битоа, 2.500 клими колку што треба да добијат од субвенциите на Општината климите ќе ги монтираат најмалку една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*