Со цел да се зголемат капацитетите за брзо тестирање на граѓаните на Битола, по препорака на локалната самоуправа деновиве се(из)врши преадаптација на една просторија во Урбаната заедница “ Панде Кајзеро “, во ковид амбуланта.
Со (пре)адаптацијата на месната канцеларија во ковид амбуланта, која се наоѓа во непосредна близина на Центарот за јавно здравје ќе се создадат услови за поголеми број тестирања на граѓаните на Битола.
Паралелно со (пре)адаптацијата на една просторија од Урбаната заедница во ковид амбуланта во изминатите неколку денови брзи тестови можеа битолчани да прават во домот за народно здравје, а тестирања покрај во Центарот за јавно здравје се прават и во приватната болница Плодност.
Инаку неодамна Советот на Битола донесе одлука за издвојување на 20.000 евра од општинскиот буџет за набавка на брзи тестови.