По блокадата на Бугарија за почеток на преговорите во нашата редакција се јавија голем број граѓани и наши читатели.
Тие не се толку гневни на односот на Бугарија и нејзиното вето, колку на индолентниот однос на земјите членки на ЕУ, посебно на Германија, кои ладнокрво и без никакво изненадување го прифатија и почитуваа ветото на Бугарија.
Во таква ситуација голем број од читателите предлагаат премиерот Заев да свика вонредна седница на Владата на која Македонија ќе ги поништи договорите со Грција и Бугарија и да си го врати Уставното име, Република Македонија.
Таквата одлука Владата да ја достави до Парламентот од кој ќе се побара истиот да ја усвои таквата одлука и да распише предвремени парламентарни избори.
По донесувањето на таквата одлука и враќањето на уставното име Република Македонија, државата да распише Рефермдум на кој граганите ќе се изјснат за натамошните потези на идната старо -нова влада.
За сите овие потези Владата да ги извести земјите членки на ЕУ, кои на најподмолен начин со поиграа со трпението и достоинството на македонскиот народ.
Доколку условот за Европа е бришење на името, историјата, јазикот и идентитетот на Македонија, оваа и сите идни влади треба да и речат фала на ЕУ и Данке Дојчланд, велат нашите читатели во нивните реакции.