Битола нема среќа со почитување на роковите кога станува збор за реконструкција и асфалтирање на улиците.
По доцнењето со реконструкцијата на ил. “Климент Охридски“ кај Водовод, кој заврши со судски спор сега изведувачот на работитe доцни и со реконструкцијата на ул. “ Партизанска “
Кога на 18.06. оваа година официјално почна реконструкцијата на ул. “Партизанска”, која ја изведува струмичката фирма “Жикол “, беше речено дека крајниот рок за нејзино пуштање во употреба е mesec ноември.
Но месец ноември измина, а од завршувањето нa улицата нема ништо.
Тоа што посебно загрижува е што деновиве воопшто не се работи на реконструкција на улицата.
Очигледно е дека фирмата “ Жикол “ нема да успее на време да ја заврши улицата па граѓаните од тој дел на Битола ќе мораат уште некое време да ја заобиколуваат улицата.
За разлика од “Жикол “ кој во Битола ги доби тендерите за изградба на многу инфраструктурни проекти, битолските јавни претпријатија “ Нискоградба “ и “ Водовод “ навреме си ги завршија работите.
Инаку реконструкцијата на ул. „Партизанска“ се одвива од потегот кај кружниот тек во Нова Битола, кај “Веро “ до раскрсницата со ул. „Методија Андонов Ченто“, во должина од 730 метри.
Инвестицијата чини вкупно 581.000 евра, од кои 355.000 евра се средства од буџетот на Општина Битола. а 226.000 се средства на Министерството за транспорт и врски.
Дали поради непочитување на роковите предвидени во Договорот и оваа реконструкција на улица ќе заврши на суд останува да се види.