Општината Битола е буквално десеткована.
Покрај градоначалничката на општината, Наташа Петровска, која на тестирањето излезе дека е позитивна и која речиси една недела е во изолација, позитивни се уште голем број вработени во Општината и не доаѓаат на работа.
Поради тоа што се позитивни на Ковид 19, не функционира буквално комплетната комисија за јавни набавки, а позитивни се и не доаѓаат на работа неколкумина и од одделението за комунални дејности.
Според информации на порталот на Битолски весник најголемиот број од сите позитивни на Ковид 19 се инфицирале од контакти со лица кои се ангажирани надвор од општината или од блиски членови на нивните семејства.