Don't Miss
Home / Вести / Средба на Заев со Микола Гнатовски

Средба на Заев со Микола Гнатовски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Микола Гнатовски, претседател на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

На состанокот е поздравен новиот мандат на премиерот Зоран Заев и се изразени очекувања за успех на европските перспективи на нашата држава. Констатирано е дека Република Северна Македонија е „успешна приказна“, бидејќи изминатите три години има направено прогрес во многу области на патот кон усогласувањето со европските стандарди и дека премиерот Заев и Владата прават видливи напори за значителни исчекори и во делот на заштитата на човековите права и владеењето на правото.

„Работиме на европеизација на нашата држава, како на планот на евроинтеграциите, така и на создавањето европски услови за работа и квалитет на живот дома. Фокусирани сме на заштита на здравјето на граѓаните, но и на напредок во другите области, а меѓу нив е и подобрувањето на условите во затворите и напредок, натамошно унапредување на заштитата на човековите права“, рече премиерот Заев.

На средбата е поздравено зголемувањето на платите на вработените во затворите, а е разговарано и за важноста од унапредувањето на условите за заштита на здравјето на лицата во затворите, за што е определена Владата како и за планот реконструкција на неколку затвори во земјава, меѓу кои се и затворот во Идризово и Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*