Урбана мобилност
Намалување на бројот на сообраќајни возила во центарот на градот!
Развој на пешачки и велосипедски сообраќај!
Ова се трите постулати на Студијата за организирање на сообрќајот во централното градско подрачје на Битола што утре ќе се најде пред советниците во Советот на Општина Битола. Советниците од СДСМ и Коалицијата ќе го поддржат идејниот проект со кој центарот на Битола ќе има повеќе пешачки зони, повеќе зелени површини, помалку возила и за првпат, велосипедски патеки.
СДСМ вети и работи Битола да биде модерен, безбеден, еколошки и социјално инклузивен град. Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска, нудат решенија кои ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот. Голем број од улиците предвидено е да бидат еднонасочни со што ќе се создаде можност за изградба на тротоари и велосипедски патеки. Со проширувањето, пак, на пешачките зони, не само што ќе го вратиме Плоштадот Гоце Делчев, туку слободно ќе се движиме од Саат кулата до Камен мост. Минималните градежни зафати кои се предвидени во студијата ќе го направат сообраќајот и движењето на пешаците полесно и побезбедно, ќе го намалат загадувањето на воздухот во центарот на градот и ќе го промовираат велосипедскиот сообраќај како најдобра алтернатива за ефикасно движење,изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски.