Don't Miss
Home / Вести / “ Комуналец “ и “ Нискоградба “ донираа 3 милиони денари за модуларниот Ковид центар

“ Комуналец “ и “ Нискоградба “ донираа 3 милиони денари за модуларниот Ковид центар

                  

          Покрај општината Битола, која донираше околу 40.000 евра за изградба на модуларниот Ковид центар, кој се гради наспроти инфективното одделение  кај Клиничката болница во Битола, свои донации дадоа и двете јавни комунални претпријатија “ Водовод “ и “Комуналец“.

          На барање на Клиничката болница Битола, а во  договор со  Општината Битола и Владата, ЈКП “Водовод“ донираше приклучок за монтажната болница за Ковид 19 во вредност од околу милион и пол денари, а исто толку средства донираше и ЈКП “ Нискоградба “ која го изработи приклучокот за одвод и канализација, во вредност од 1,5 милиони денари.

          Инаку деновиве интензивно се работи на подготвување локациите каде ќе биде поставен Ковид центарот, каде треба да се згрижат околу 90 пациенти.

          Според проектот Ковид центарот треба да биде изграден за три недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*