Don't Miss
Home / Вести / МЗ “ Панде Кајзеро“ (пре)адаптирана во ковид амбуланта

МЗ “ Панде Кајзеро“ (пре)адаптирана во ковид амбуланта

                       

Тоа што го најави порталот на Битолски весник се оствари.

Месната заедница “Панде Кајзеро“ ќе биде на располагање на Центарот за јавно здравје од Битола за правење брзи тестови за Ковид-19.

Просторот кој е е во сопственост на Општина Битола ќе го користи здравствената установа без надомест. Дополнително, локалната самоуправа ја уреди внатрешноста на месната заедница, согласно потребите на Центарот за јавно здравје и на граѓаните.

        Ова е последната во редицата мерки што ги презема Општина Битола, предводена од СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска, за помош и поддршка на јавните здравствени установи во градот во борбата со корона вирусот.

        Инаку од  почетокот на ковид кризата, Општина Битола досега има издвоено над 85.000 евра за поддршка на здравствените институции во справување со состојбата. Најпрвин, издвоени беа 10.000 евра од Буџетот на градот за отворање на лабораторија за тестирање на коронанавирус во Центарот за јавно здравје. Потоа, уште 10.000 евра за обезбедување на апаратура за кислородна поддршка во Болницата, па 20.000 евра за набавка на брзи тестови во Центарот за јавно здравје. Дополнително се издвоија и над 40.000 евра за модуларната болница.

Над 85.000 евра пари на сите нас, граѓаните на Битола, локалната самоуправа намени за справување со корона кризата. Тоа говори за одговорноста со која Општина Битола се справува со состојбата. Наша одговорност, како граѓани, останува постојано и доследно почитување на мерките за заштита. Да се однесуваме совесно и одговорно, да помогнеме и ние на здравствениот систем и да им помогнеме на сите здравствени работници кои се нашите херои, изјави портпаролката на СДСМ, Невена Димовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*