Последните денови во Битола интензивно се работи на завршните работи за реконструкција на Офицерскиот дом.
Паралелно покрај во надворешниот дел од зградата се работи и на завршните работи во внатрешниот дел на објектот.
Синоќа конечно светна прекрасниот лустер во големата сала на Офицерскиот дом, во кој се поставени и нови светлечки тела и нов под.
Обновена е комлетната дограма како и витражите.
Со овие зафати Офицрскиот дом го врати својот стар сјај.
Инаку пред неколку години засега непознати лица го уништија и искршија лустерот, кој беше симбол на Офицерскиот дом.