Don't Miss
Home / Вести / РЕК “ Битола “ доби шест нови еко автобуси

РЕК “ Битола “ доби шест нови еко автобуси

       

        Во присуство на премиерот на Владата, Зоран Заев, првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, УО на ЕСМ и менаџерскиот тим на РЕК “ Битола “ ,денеска во  најголемиот електро енергетски комбинат во државата РЕК “ Битола “ свечено беа (пре)дадени во употреба новите 6 еко автобуси кои ги набави АД ЕСМ.

        Вкупната вредност на автобусите, кои се набавени од Турција изнесува околу  1,4 мииони евра.

        Со новите еко автобуси во иднина ќе се превезуваат вработените на РЕК “ Битола “.  Во исто време, кога автобусите нема да бидат ангажирани за превоз на вработените, тие ќе се користат за превоз на учениците и студентите од Битола, Новаци и Могила,  а воедно  овие еко автобуси, АД ЕСМ како општетсвено одговорна компанија ќе ги издава на разни здруженија, невалдини организации и спортски клубови од трите општини на користење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*