Don't Miss
Home / Вести / Улицата кај “Плодност “ раскопана и заборавена

Улицата кај “Плодност “ раскопана и заборавена

       

        Улицата кај приватната болница“ Плодност “, каде пред извесно време се изведуваа  работи за смена на водоводната мрежа, откако таа е санирана е оставена раскопана и заборавена.

        Поради тоа на оваа улица каде  во последно време поради можноста за брзи тестови се движат голем број возила некогаш доаѓа буквално до сообраќаен хаос.

        Улицата не е забранета за сообраќај, па по истата се движат голем број возла кои едноставно  не можат да се разминуваат.

        Од таму  прашуваат  кога локалната самоурава ќе се погрижи да ја санира улицата и истата повторно да ја “ закрпи“ или асфалтира.

        Жителите од овој дел на улицата се плашат дека доколку падне снег истата не ќе може да се направи и дека ќе мораат по таква улица да се движат цела зима.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*