Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска денеска во Битола потпишаа Договор за грант за изградба на нови, надградба или адаптација на постоечките објекти за згрижување и воспитување на деца на предучилишна возраст во општините.
Договорот за грант со Oпштина Битола се однесува за изградба на нов објект како дел од Јавната општинска установа детски градинки „Мајски цвет“ од Битола, со површина од 810 м2 и максимален капацитет од 152 деца, организирани во осум воспитни групи.
Министерката за труд и социјална политика Јагида Шахпаска потенцираше дека од почетокот на мандатот до сега се отворени 6 нови градинки со опфат на 416 деца, во финална фаза се уште 4 градинки со капацитет од 200 деца, а во тек на изградба се 15 нови градинки кои ќе опфатат нови 1.900 деца.
„Како Министерство, но и како Влада продолжуваме со политиките на отворање на нови места во градинките, со цел поголем опфат на деца во нив. Предучилишното образование претставува првиот чекор со кој што дечињата влегуваат во системот, почнуваат да ги стекнуваат основните навики, се дружат, учат и притоа низ целиот процес ги водат стручни компетентни кадри,
Градоначалничката Петровска истакна дека капиталните инвестиции во градот се реализираат со поддршка и взаемна соработка меѓу локалната и централната власт.
-Долго време Битола се бореше со листите за чекање во детските градинки, а денес потпишавме Договор со Министерството за труд и социјална политика за изградба на нова детска градинка која ќе биде лоцирана во близина на ОУ „Св.Климент Охридски” во Битола. Во меѓувреме, како општина, склучивме договор за изградба на уште една детска градинка која ќе биде лоцирана во населбата кај поранешната касарна. Новата детска градина во тој дел на градот ќе биде со капацитет за 250 дечиња, Обезбедените средства се наочуваат во исклучително значајни области за граѓаните“, посочи Петровска.