Don't Miss
Home / Вести / Новогодишни подароци од Форумот на жени на СДСМ за самохраните родители

Новогодишни подароци од Форумот на жени на СДСМ за самохраните родители

                       

Правилната грижа за фамилијата е тешка и одговорна работа и тоа дупло важи за еднородителскит  е семејства. Нив не им требаат пречки, им требаат можности и сета грижа и внимание кое го заслужуваат.

Како рекле, самохраните родители дупло се секираат, дупло тагуваат, дупло плачат, ама на сметка на тоа и дупло се гордеат, дупло се радуваат и дупло се смеат.

Искрено се надевам дека со ова скромно новогодишно изненадување ќе измамиме насмевка барем на неколку дечиња и ќе предизвикаме радост кај родителите од здружението на еднородителски семејства “Дел од сите”.

Во името на Форумот на жени на СДСМ Битола им посакувам најпрво многу здравје во Новата 2021ва година, сета среќа на светот и нека ништо не им зафали. И ги потсетувам дека ние секогаш ќе им сме партнер за остварување на нивните цели и заложби, изјави  Татјана Крнчева, претседател на Форум на жени при ОО СДСМ Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*