-Насмевка на лицето, љубов во срцето. После овие желби, Новата година нека ви донесе се најубаво . Среќни и исполнети детски денови ви посакува Општина Битола“.
Со ваква честитка Општината Битола им ја честита Новата 2021 година на најмладите битолчанчиња.
Денеска во организација на локалната самоуправа низ улиците на Битола и Широк Сокак најмладите битолчанчиња се дружеа со своите омилени јунаци: Кловнот Заги, Мики и Мини Маус, Чејз, Елса, Принцезата Бел, придружувани од Дедо Мраз и Баба Мразица.
Ликовите од бајките, со своите подароци и приказната која ја носат со себе преку ликот кој го претставуваа, токму до детските срца ја пренесоа желбата за победа на доброто над злото и радост за секое дете, токму онака како што и завршуваат најубавите бајки.
-Среќана Нова година, дечиња наши. Во Новата година ништо да не ве плаши. Здравје, љубов, радост и смеа, среќни мигови да имате во неа, стои во новогодишната честитка на Општината Битола.