И покрај тоа што во Битола последните денови драстично се намали бројот на позитивните на Ковид 19 лица, работите на изградбата на модуларната ковид болница интензивно се одвиваат.
Откако доцна синоќа во Клничката болница со неколку товарни возила пристигнаа првите контењери за Модуларната ковид болница, денеска изутрина почна нивното монтирање на првото плато.
На тој начин почнаа завршните работи за изградба на Модуларната ковид болница, која е лоцирана наспроти Инфективното одделение на Клиничката болница.
Се очекува во наредните денови да бидат монтирани сите контењери и на останатите други две други платоа.
Новата Модуларна ковид болница се состои од центар со стационар и една модуларна градба за независен тријажен центар.
Модулрните градби се монтажно -демонтажни со повшрина од 1.000 м2.
Модуларните градби имаат капацитет за лекување од 90 легла.
Инаку во изгрдабата на Модуларната ковид болница значајни средства издвои локалната самоуправа на Битола, јавните претпријатија АД ЕСМ, кој за нејзнината изградба донираше околу 2.500.000 денари.