Како по традиција, по испраќањето на Старата 2020 и пречекот на Новата 2021 година, Битолски весник ја почнува 22 по ред, традиционална акција
“ Избираме најуспешни битолчани “ за 2020 година.
И покрај тоа што во овој момент, кога пандемијата е сеуште присутна не може со сигурност да се каже датумот на организирањето на Манифестацијата и дали тоа ќе биде последниот петок во месец февруари, сепак Битолски весник одлучи да ги почне подготовките за организрање на Изборот на најуспешните.
Читателите на Битолски весник, како и во сите изминати 21 година, своите предлози за најуспешните во областа на образованието, културата, естрадата, науката, стопанството, бизисот, спортот, ќе можат да ги доставуваат до редакцијата преку гласачкиот купон, кој го објавуваме на Огласната страница како и на нашата мејл адреса.
Иако минатата година поради пандемијата беше исклучително тешка сепак голем број наши сограѓани остварија доста добри резултати и со своите успеси и постигања се афирмираа себеси, но ја афирмираа и Битола.
Токму затоа Битолски весник одлучи да ја организира Акцијата, со надеж дека во наредните месеци конечно ќе ја совладаме пандемијата.