Don't Miss
Home / Вести / Заврши регулацијата на реката во с.Гермијан

Заврши регулацијата на реката во с.Гермијан

            Конечни жителите на селото Гермијан можат да бидат мирни и спокојни.

Деновиве завршија  градежните активности за уредување на коритото во должина од 340 метри   на реката за заштита од поројните дождови во населеното место Гермијан.

– Конкретно во Гермијан завршија активностите  за  заштита на  коритото на реката  коешто ќе го штити селото од поројните дождови кои  во минатото нанесувале  големи штети по имотот на овие жители. Со реализацијата на овој проект се реши и  проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави.

Инвестицијата е во износ од 148.883 евра, во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15 проценти поточно 22.224 евра, изјави министерот з алкалната самоуправа Горан Милевски, кој притоа нагласи дека овој проект е уште еден доказ дека прекуграничната соработка со соседна Грција одлично се интензивира и практично  општините, цивилниот сектор и другите институции  се  целосно подготвени да влезат и во третата фаза, и во ИПА III која што ќе се имплементира за периодот 2021-2027 година за којашто се предвидени неформално околу 40 милиони евра.

Според Милевски во селото Гермијјан  останува да се изгради  уште канализационата мрежа , со што  ова село  ќе стане модерно европско село каде што жителите ќе живеат по сите европски стандарди и вака треба да се однесува секој градоначалник за секое рурално место, да сите граѓани во државата имаат еднакви услови за живот.

                Уредувањето на коритото се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC помеѓу Северна Македонија – Грција 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*