Don't Miss
Home / Вести / За рударите на Брод-Гнеотино нема невреме

За рударите на Брод-Гнеотино нема невреме

 

        Додека истекувањето на реката Драгор кај Довлеџик ја вознемири битолската јавност и ги крена на нозе сите градски институции, во Рудникот Брод – Гнеотино, вработените на багерите СРС 2001 и СРС 2002 воопшто не беа “загрижени“ за обилните врнежи кои паѓаа во Пелагонија.

        Тие велат навикнале да работаат по такви невремиња и да се борат не само со поплавите, туку и со лизгањето на насипите.

        Денеска во посета на вработените на овие багери, со екипа од Битолски весник  беше првиот синдикалец на РЕК Битола. Менде Фидановски, кој им ги честиташе Новогодишните и Божикните празници и разговараше   за условите за работа и проблемите со кои се среќаваат екипажите на овие два  (нај)големи багери.

Од платото на Рудникот Брод – Гнеотино до двата багери може да се дојде само со популарното возило за превоз на вработените кој го викаат “ тенк “.

Но денеска и на “тенкот “ му беше тешко да се движи по калливиот пат до Рудникот каде се копа јаловината.

Но благодарение на вештите раце на возачот Стевче Геневски безбедно стигнавме до еден од багерите кои работеа на ископ на јаловина.

        Репортажата од посетата на рудникот Брод-Гнеотино  ќе ја објавиме во следниот број напечатеното издание на Битолски весник.

        Во оваа прилика објавуваме само неколку фотографии од посетата на Брод – Гнеотино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*