Медицинското училиште “ Јован Калаузи“ втрототo полугодие ќе го дочека во целосно ново руво.
Со префрлени средства во вредност од 2.608.080 денари од Општина Битола во средното општинско медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, комплетно е подобрено функционирањето.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заменик градоначалничката Емилија Костурски и менаџерскоит тим на училиштето разговараа за извршените санации и моменталните изведбени актвиности во оваа образовна установа.
Во однос на подобрување на енергетската ефикасност и заштедата на електрична енергија, заменета е дограма во целото училиште со енергетски ефикасни ПВЦ прозорци. Целосното осветлување, вклучувајќи го и осветлувањето во спортската сала, е заменето со ЛЕД осветлување.
Во тек е поставување на настрешница на задниот влез од училиштето, кон спортската сала и целосно обновување на вториот кат од училиштето, каде што се врши реновирање на кабинетите, бојадисување, менување на подот, реновирање на скалите и менување на дограма.
Паралелно со инфраструктурните зафати,, училиштето се опремува и со нагледни средства.
Покрај опремата за квалитетно изведување на он лајн настава, за која општината издвои средства на почетокот од оваа учебна година и со која беа набавени нови компјутери, со дополнителна опрема од камери и звичници, дополнително се набавени 3 телевизори со големина од 55 инчи и 4 смарт табли. Обновена е целосната опрема за практична работа (ново торзо, лабораториска опрема и комплетно обновување на лабораториите).
Со сите извршени санации и набавки кои што се реализирани, единствено е потребно учениците да можат да ги почувствуваат промените што поскоро, со настава во живо.