Ловџија кој се наоѓал на лов во близина на селото Витолиште, Мариовско, кај рудникот е сериозно ранет.
Оваа информација пред малку ја добивме во нашата редакција од страна на некои ловџии кои учествуваа во ловот.
Ловџијата е ранет во пределот на рамото.
Ловџиите кои беа во лов со ранетиот ловџија апелираа(т) за помош. Апелот за помош стигна и до Горската служба за спасување во Битола, кои како што дознавамe веќе испратеиле една екипа кон Витолишта.
Засега не се знае точно како дошло до ранувањето на ловџијата и за каква рана станува збор.
Да потсетиме само пред нешто повеќе од еден месец во битолското село Канино беше убиен еден битолски ловџија.