Во ВМРО ДПМНЕ Битола распишан е конкурсот за избр на партиските комисии.
Ова беше денеска соопштено на прес конференција.
-Почитувани битолчанио време е за будење!
Доста е!
Битола секогаш стоела исправено и повторно ќе се исправи!
Ајде заедно да ги вратиме сите црнила и злоба во пандорината кутија.
Ќе ги оставиме надежта и копнежот, тие ќе не мотивираат.
Овој повик не е за осудување, ниту пак демантирање, овој прес е за нашата Битола!
Ве повикувам сите Вас, кои сметате дека на било кој начин можете со свој придонес да помогнете.
Ве покануваме сите битолчани да дојдете во ВМРО ДПМНЕ, заедно со нас споделете ги вашите идеи, предлози па и критики.
Пријавете се на повикот за членови стручните комисии, кој ќе биде отворен од денес, станете дел од тимовите кои ќе работат на идни планови и проекти со цел превенирање и отстранување на проблемите на градот а верувам дека од Битола ќе тргне ударот врз „животот“ за да се спаси и Државата.
Првиот чекор е најважен.
Нека дојде од вас, нашите врати се отворени за добронамерници и луѓе кои си го сакаат градот да се биде член на партијата, не е услов за член во стручните тела на партијата.
Битола е на сите.
За нашата Битола, беше речено на прес конференцијата.
Инаку конкурсот ќе трае до 01.02.2021 година.