Со проектот за модернизација на системот за јавно улично осветлување, односно со замената на постоечките натруимови и живини светилки со нови ЛЕД светилки, Општина Новаци минатата година заштеди ни повеќе ни помалку туку 822.286.00 ден, или околу 13 илјади евра.
Додека во 2018 година тршоците за уличното осветлување во Новаци со живините светилки изнесуваше 2.331.535 денари,а во 2019 година, со започнување на проектот и поставување на првите арматури на ЛЕД светилки трошоците за уличното осветлување се намалија на 1.954.339 денари, во 2020 година, по завршување на проектот за замена на живините светилки со нови ЛЕД светилки трошоците се намалија на 1.132.053 денари со што направена е заштеда од 822.286 денари на годишно ниво односно 60% од вкупните трошоци, с евели во соопштрението на Општина Новаци.
Според информацијата од Новаци на територијата на Општината во изминатите три години се поставени нови 1083 ЛЕД светилки и се обезбедени дополнителни 350 ЛЕД светилки.
Покрај значителното намалување на вкупните трошоци за електрична енергија, со овој модерен и ефикасен систем на осветлување се постигна поголема енергетска ефикасност , поголем светлосен флукс, подобрена социјална и сообраќајна безбедност и најважно од се поврат на инвестицијата во наредните 15 години, велат во општината Новаци.
М.М.