Don't Miss
Home / Вести / Значително подобрени условите за престој во детските градинки

Значително подобрени условите за престој во детските градинки

Во изминатите три години комплетно се променети  условите во детските градинки во Битола.

Ова денеска на прес конференција во Битола, го изјави советникот на СДСМ, Славе Најдовски.

Според Најдовски   благодарение на домаќинското работење на Општината , градоначалничката Наташа Петровска и директорите на детските градинки  значитечно с еподобрени условите за престој на дечињата во градинките, кои се под општинска капа.

            Во моментов, привршува санацијата на кровот на ДГ “Вангел Мајорот“ во населбата Карпош, а променета е кровната површина и во ДГ„Пролет“ за што од буџетот беа издвоени 2,8 милиони денари.

            Освен надворешноста, можеби уште поважен е фактот, дека изминатиот период реконструирана и обновена е внатрешноста на градинките во кои децата поминуваат половина ден. Набавена и кујнска опрема – професионални фрижидери, кипер и машини за миење на садови во износ од скоро половина милиони денари, купени се нови  теписи за сите објекти на Установата “Естреја Овадија Мара“ во износ од над 430.000 денари.

После повеќе од 3 децении комплетно се опремени ДГ „Снегулка“ и ДГ „Пролет“ со нов мебел – гардеробери, масички, столчиња, шкафчиња, клупи и креветчиња кои беа во фаза на распаѓање, за што потрошени се над 1,5 милион денари. Набавена е информатичка и видео опрема, нови нагледни средства.

            Сега секое дете  кое ги корист услугите на  детските градинки добива шанса за правилен детски развој.

Инаку кога станува збор за градинките, во Битола, за првпат по 30 години ќе се гради нова градинка, а со адаптацијата на просторот во два други објекти, во голема мера ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во Битола, изјави советникот Славе Најдовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*