Don't Miss
Home / Вести / Корупцијата и криминалот беа заштитен знак на ВМРО ДПМНЕ

Корупцијата и криминалот беа заштитен знак на ВМРО ДПМНЕ

         

Во врска со изјавите изнесени на прес конференцијата на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за работењето на АД ЕСМ и РЕК “ Битола “ со реакција се јавија од АД ЕСМ.

-Во кој паралелен свет живее пратеникот Антонијо Милошоски и излегува на прес конференција обвинувајќи за намерно одолговлекување на постапката за набавка на сопствена механизација за потребите на ПЕ Рудници на РЕК “Битола”, а комбинатот и АД ЕСМ се во фаза на потпишување на договори за набавка на механизација?

РЕК “Битола” и АД ЕСМ тоа го соопштија пред пет дена и најавија дека во текот на оваа  недела, истото ќе биде презентирано во јавноста, соодветно на тежината на набавката вредна над 15 милиони евра.

Напоменуваме дека ова е само прва фаза од набавката на сопствена механизација за потребите на рудниците на РЕК “Битола”. Ќе следуваат уште толку колку што е потребно до целосно задоволување на потребите.

Во меѓувреме, пратеникот Антонијо Милошоски нека се информира што набавила за РЕК “Битола” неговата матична партија во периодот 2006 – 2017 година. Ништо! Освен неколку половни автобуси за превоз на работниците.   

Обвинувањата, пак, за корупција во јавните набавки во РЕК “Битола” се тенденциозни и штетни за имиџот и на комбинатот и на компанијата и на државата. Лицемерно е да се тврди дека постои корупција во јавните набавки, без притоа да се има било какви докази за тврдењата, а од друга страна тоа да се поврзува со извештај за перцепцијата на корупцијата во земјава. Токму ВМРО – ДПМНЕ и во конкретниот случај пратеникот Антонијо Милошоски се творците на таа перцепција, кога со невидена леснотија излегуваат на прес конференции и обвинуваат за појави за кои ниту имаат, ниту може да обезбедат докази бидејки такво нешто не постои. Милошоски нека не ја замајува јавноста дека до ВМРО – ДПМНЕ стигнале некакви договори кои отвораат сомнеж за корупција во АД ЕСМ или РЕК “Битола”. Станува збор за јавно достапни документи и секој може до нив да пристапи преку системот за јавни набавки. Сите договори на кои се повикува Милошоски ги поминале сите правни процедури предвидени во македонското законодавство, вклучувајќи и жалби и одлуки на надлежни инстанци.

Во секој случај, пратеникот Антонијо Милошоски ги има на располагање институционалните механизми за утврдување на вистината и го повикуваме да поднесе претставка до Јавното обвинителство на РСМ. Коректно би било и да се извини за изречените лаги.

Што се однесува до капацитети на АД ЕСМ кои Милошоски ги споменува, фактот што е кичевчанец не му дава за право да ги коментира состојбите во РЕК “Осломеј”. Комбинатот во моментов се наоѓа во фаза на трансформација и ќе произведува електрична енергија од обновливи избори. Ниту во Кичево, ниту во Неготино, ниту во Битола работници ќе бидат оставени на улица. На улица само функционери на ВМРО – ДПМНЕ може да држат прес конфренеции и да шират лаги и дефетизам за замислено уништување на енергетските капацитети, намерно оглушувајќи се на сите официјални информации од страна на АД ЕСМ и Владата на РСМ, како и на чекорите предвидени во Националната стратегија за развој на енергетиката до 2040 година

Наспроти напорите на ВМРО – ДПМНЕ да прикаже дека актуелното раководство на АД ЕСМ и РЕК “Битола” наликува на директорувањето до 2017 година, останува фактот дека корупцијата, негрижата и недомакинското работење беа нивен заштитен знак. Увозот на најскапа струја во историјата на компанијата по цена од 220 евра за МЊх во време кога партискиот лидер Христијан Мицкоски беше на чело на Државнтие електрани е нивното најголемо достигнување, се вели во реакцијата на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*