Don't Miss
Home / Вести / Во Софија уапсен убиецот на Мартин Нешковски

Во Софија уапсен убиецот на Мартин Нешковски

Игор Спасов бил приведен во Софија по пријава за семејно насилство, а за време на увидот во бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол, пренесуваат бугарски медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Тој е во притвор и допрва треба да биде екстрадиран во Македонија.

Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време. Тој бил уапсен вчера во софиската населба Младост откако полицијата добила дојава, како што известува Бугарското национално радио БНР.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор од 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.

Казната затвор ја издржува од 2011 година, а му беше ставена во прекин во 2018 година поради здравствени проблеми. Потоа, тој избега. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври 2019 година. Спасов се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, на крајот на октомври 2019 година МВР распиша меѓународна потерница по него.

По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*