НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола активно ќе се вклучи во кампањата “Да читаме на глас“ организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ.
Од НУУБ “ Св. Клмент Охридски “ велат дека методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини.
Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, со учество на градинки, училишта, јавни личности, институции, физички лица итн.
Во Битола кампањата започнува утре (03.02.2021 година) со постирање на видеа на социјалните мрежи како родителите и наставниците им читаат на децата.