На денешната работилница на Судско медиумскиот совет, која се одржа во Апелациониот суд во Битола новинарите и судиите од Апелационото подрачје Битола, Прилеп и Охрид разговараа за поголема соработка помеѓу новинарите и судиите.
Целта на сосатнокот беше да се воспостави дијалог мегу новинарите и судиите се со цел за поголема транспарентност од страна на судството, за пресудите кои се носат бидат повидливи, за поголемиот број граѓани поразбрани, а од друга страна и новинарите да можат на најдобар можен начин ја вршат својата новинарска професија и да известуваат квалитетно од судските процеси.
Едиствената цел на Судско медиумскиот совет е да се воспостави дијалот меѓу судиите и новинарите и активно учество во изработка на законски проекти кои ќе им ја олеснат работата и на судиите и на новинарите.