-Со унапредување на стручното образование ќе може да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар, но и да се овозможи поголема вработливост на младите.
Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната средба на Битола, која се одржа под мотото „Учи паметно, работи стручно”, со поддршка на швајцарската Амбасада, на која присуствуваакомпаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта во градаот.
Министерката Мила Царовска истакна дека со средбите се постигнува успешна соработка помеѓу компаниите и стручните училишта. Како резултат на овие консултации некаде ќе се отворат дуални паралелки, а некаде ќе се интензивира пракса со присуство на учениците во самите компании.
Ваквиот проект го подржува и Стопанската комора на Македонија,која активно е вклучена во сите овие процеси за образованието со што ќе се обезбеди кадар за потребите на стопанството,беше речено на денешната трибина.