Don't Miss
Home / Вести / Донацијата за “ Глобал “ ја налути опозицијата

Донацијата за “ Глобал “ ја налути опозицијата

       

        На денешната седница на Советот  мнозинството од СДСМ предложи точка со која од буџетот на Општината Битола  да му  се доделат 150.000 ден. за санирање на последиците од пожарот на струмички “Глобал “.

Ваквата одлука ја налути опозицијата.

– За градоначалничката Наташа Петровска и СДСМ кога е “Копанки” во прашање нема пари за обнова и  е спорно  бидејки тој бил  на граѓаните, а со него управувало Здружение на граѓани како ПСК “ Пелистер “, кој бил приватен клуб,  а кога станува збор за струмички “Глобал “  тогаш не е спорно што истиот  е  во приватна сопственост и Советот донесе одлука да му се донираат 150.000 денари за негова обнова.

Важно за струмички “Глобал “пари ќе има, а за “ Копанки “ не реагираат од опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*