Премиерот Зоран Заев денеска пред Кривичниот суд истакна дека разочаран што се случи уште едно бегство во името на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Тој додаде дека ќе побара детали за истрагата и случајот да биде расветлен во најбрз можен рок, затоа што народот очекува правда.-
„Народот бара правда. Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Разочарани сме што тој се уште не е пронајден. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот народ очекува расветлување оваа ситуација. Ќе побараме одговорност кога ќе ги знаеме деталите“, истакна Заев.