Заврши процесот на ажурирање на членството во прогресивната, европската и модерната СДСМ која секогаш е во служба на граѓаните.
Досега, над 70000 членови на СДСМ го реевидентирале своето членство во партијата.
Во ОО на СДСМ Битола и понатаму можат да ни се приклучат нови членови бидејќи остануваме отворени за сите оние кои ги поддржуваат нашите политики и идеали.
Следува процес на издавање на новите дигитални членки книшки и реализирање на првите внатрепартиски избори, по највисоките демократски и организациски стандарди.
На 21 март СДСМ ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија!
Им се заблагодаруваме на нашите другари и другарки и целото членство за ангажираноста, мотивацијата и желбата за реализација на овој револучионерен, пионерски чекор во партиското дејствување.
СДСМ продолжува да се менува, за уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата.