Како осуден криминалец во Германија, а осомничен во Северна Македонија, Антонијо Милошоски нема никаков кредибилитет да зборува за било што во државава. Особено не за економски прашања кои, според обвинението Моќник, ги сфаќа само како можност за нелегална купопродажба на објекти.
И додека на Милошоски му е тешко да излегува пред лицето на правдата, денес без трошка срам излезе пред битолските стопанственици да ја анализира, меѓу другото, и економската состојба во Битола.
Економските субјекти во Битола, како и во цела држава, беа и се уште се силно погодени од здравствено – економската криза која Владата на Република Северна Македонија ја амортизира со над 1 милијарда и 180 милиони евра. Толку изнесува поддршката од државниот буџет што Владата предводена од СДСМ ја насочи кон граѓаните и стопанството за да се обезбеди одржливост на економијата и за да се спасат работни места.
Преку петте пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, пари за плати и егзистенција добија битолските спортски клубови, битолски фирми, занаетчии, уметници, средношколци, студенти, пензионери, активни баратели на работа, невработени, естрадни уметници.
Општина Битола, пак, ги намали комуналните такси за поставување на урбана опрема пред деловните простории.
СДСМ е партија на солидарноста и економското закрепнување кое доаѓа, нема да ја одмине Битола и битолчани. Без разлика дали Милошоски тоа ќе го сведочи на лице место или во некоја казнено – поправна установа.