Брачната двојка од Битола, која во Занзибар, Танзанија се инфицира од Британскиот сој на коронавирусот добро се чувствува.
Ова ни го потврди во телефонскиот разговор битолчанецот К.Т.(65), инаку познат битолски стопанственик, сега во пензија, кој се наоѓа на лекување во Струга.
Според К.Т. добро се чувствува и неговата сопруга која е на лекување во болницата 8 септември во Скопје.
Инаку брачната двојка од Битола која беше на одмор во Занзибар по враќањето се пожали на симптоми на Ковид 19.
На почетокот се сметаше дека тие се инфицирале од Африканскиот сој на коронавирусот, но подоцна тестовите покажаа дека тоа не е точно и дека тие се инфицирале од Британскиот сој на ковид 19.
Најпрво симптомите ги пријавил сопругот К.Т. уште кога биле на одмор во Занзибар, Танзанија. По хоспитализрирањето на Инфективното одделние во Клиничката болница во Битола тој беше префрлен на Нефролошкото одделение во Струга, бидејќи вредностите на бубрежните оштетувања му биле високи, додека неговата сопруга беше хоспитализирана во Скопје.
Подоцна резултатите од тестовите во МАНУ, каде требаше да се утврди типизација на сојот покажаа дека станува збор за Британски сој од коронавирусот.