Земјотрес со јачина од 4.9 степени според Рихтер вечерва ја стресе Македонија предмалку во 22 часот и 17 минути. Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на 18 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.
Земјотресот беше на длабочина од 2 километри и беше почувствуван и во Скопје. Засега нема информации за материјална штета.
Инаку ова е втор земјотрес вечерва во Македонија. Претходно земјотрес со јачина од 3.7 степени според Рихтер ја стресе Македонија во 20 часот и 40 минути. Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на истото место или 14 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.
Земјотресот е почувствуван и во Битола.