Во февруари и март 2021 година, амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори потпиша десет договори за грант помош во рамки на Програма за мали проекти за човекова безбедност (GGP) со цел подобрување на основните човекови потреби во Северна Македонија.
10те GGP проекти имаат за цел да ја поддржат Северна Македонија во справување со кризата КОВИД-19, а секоја институција ќе добие различно финансирање согласно потребите и тоа:
- Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје за набавка на машина за медицински отпад, во износ од 65.801,00 €
- Градска општа болница „8-ми Септември“ за набавка на ултразвук за дијагноза на карцином, во износ од 60.985,00 €
- Здравствен дом Скопје за набавка на комплети за итна помош за возилата за брза помош и ноќни служби, во износ од 40.420,00 €
- Општа болница Дебар за набавка на рентген, во износ од 34.576,00 €
- Општа болница Куманово за набавка на ултразвучен систем, во износ од 54.094,00 €
- Општа болница Гостивар за набавка на рентген, во износ од 60.635,00 €
- Општа болница Кочани за набавка на ултразвук и монитор за срцеви отчукувања на фетусот за гинеколошки оддел, во износ од 47.863,00 €
- Општа болница Гевгелија за набавка на рентген апарат, во износ од 60.698,00€
- Општа болница Велес за набавка на рентгенска машина, во износ од 60.748,00€
- Здравствен дом Свети Николе за набавка на возило за брза помош, во износ од 54.633,00 €
Вкупната помош доделена во рамки на Програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP) оваа година достигнува над 540.000 евра, што е најголема сума добиена од страна на Северна Македонија од почетокот на имплементирањето на програмата во 1996 година.
„Надминувањето на КОВИД-19 е глобален предизвик и ние сме многу среќни што ги поддржуваме медицинските институции во оваа земја, кои придонесоа да се спасат многу луѓе, особено во ова многу тешко време. Се надевам дека нашата помош ќе придонесе во справувањето со КОВИД-19. Поради пандемијата, поддршката преку Програмата за мали проекти за човекова безбедност оваа година оди во медицинските институции. Ние, јапонскиот народ сме многу среќни што продолжуваме да ја поддржуваме оваа земја, бидејќи пријателите кои си помагаат се вистински пријатели.“ – рече амбасадорот Савада, изразувајќи најискрена надеж дека заедно ќе ја надминеме социјално-економската криза што ја предизвика пандемијата.Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 47 здравствени установи и обезбеди 31 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 49 општини во сите 8 региони во државата.Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствена нега, образование, животна средина, култура, спречување на природни катастрофи, справување со бегалската криза. Доделена е и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка., се вели во соопштението на јапонската амбасада.