Don't Miss
Home / Вести / Алармантно: Тројца починати во Битола

Алармантно: Тројца починати во Битола

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година. Од нив, осуммина биле пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени починале во болнички услови.

Од направени 1.682 тестирања се регистрирани уште 457 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.

Регистрирани се и 700 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи на Ковид 19 има во Скопје 7604, Прилеп 940 и Кавадарци 616. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*