Денеска во Битола се регистрирани 57 новозaболени и 4 починати од компликации од ковид 19.
Заклучно со вчерашниот ден во Битола, на Инфективното одделение се починати вкупно 7 лица.
Во болницата во Битола моментно се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19.
Иако Инфективното одделение е преполно сеуште не се пушта во употреба Модуларниот ковид центар.
За тоа кога ќе проработи модуларната болница во Клиничката болница никој не одговара.
Директорката Билјана Гагачовска не одговара нити на телефон ниту на пораки.
Таа едноставно одлучи да молчи и да ги игнорира новинарите.