Don't Miss
Home / Вести / Со министерот Филипче си заминаа и мајсторите

Со министерот Филипче си заминаа и мајсторите

       

        Пред доаѓањето на министерот за здравство, Венко Филипче на партерното уредување на Модуларниот ковид центар болници работеа десетина мајстори, кои ги поплочува пристапните патишта.

        Тие беа ангажирани колку -толку да се средат пристапните патишта и околината на модуларните болници.

        Во уредудвањето на партерното уредување на модуларните болници беа вклучени и работници на ЈП “ Комуналец “

        Но само што заврши посетата на министерот Филипче, мајсторите кои беа ангажирани на уреудвањето на болницата си ги собраа алатите и си заминаа.

        Така вчера и денеска никој не работеше околу уредување на модуларните  болници, кои според зборовите на министерот Филипче се целосно погодтвени да ги примат болните од ковид 19.

        Чдуно е тоа што иако во Клиничката болница буквално се бројот креветите кои се слободни да ги прмат болните од ковид 19  во Битола на никој не им се брза да се заврши Модуларниот ковид центар и тој  да биде пуштен во употреба.

        Дали тоа се должи на наводното немање проект за просторно уредување на Ковид центарот, или недостиг на лекарски и друг медицински кадар засега никој не сака да даде одговор.       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*