Денеска во Скопје на вакцинација замина комплетното раководтсво на Клиничката болница Битола, предводено од директорката Билјана Гагачева.
Заедно со раководството на болницата на вакцинација заминаа и голем број лекари и медициски сестри.
Инаку во последно време Клиничката болница во Битола се соочува со недостиг на медицински персонал кој би бил ангажиран во Модуларната ковид болница.
Упатените уверуваат дека токму поради недостиот на кадар сеуште не се отвора Модуларната ковид болница, која може да згрижи 90 пациенти.
И покрај тоа што раководството на болницата со парични надоместоци се обидува да ги стимулра вработените медицински работници од другите одделенија да се вклучат во лекувањето на пациентите од ковид 19, сепак засега малкумина покажале интерес да се ангажираат во Модуларната болница.