Пандемијата коси во Битола. Покрај зголемениот број позитивни на Ковид 19 драстично расти бројот на починати.
Во последните 24 часа вкупно пет пациенти починаа во регионалниот Ковид центар во Битола. Од нив 4 пациенти се од Битола и 1 од Ресен.
Во Модуларните ковид одделенија во Клиничката болница во Битола на лекување се хоспитализирани вкупно 123 лица, а активни се вкупно 1032 случаи.
Во изминатите 24 часа примени се 17 нови пациенти, а само 6 се испишани.