Кога на 15 јануари годинава фирмата БВ инженеринг – Битола го означи почетокот на градежните работи на новата детска градинка која , по пат на јавно приватно партнерство заеднички ја градат Општината Битола и фирмата “Кромберг и Шуберт“ многумина се израдуваа дека конечно Битола за брзо време ќе добие нова детска градинка со капацитет од 150 деца во една смена.
Но за жал иако изминаа скоро 3 месеци од почетокот на изградбата на градинката работите стојат во место.
Денеска кога го посетивме просторот во АРМ каде што се гради градинката не затекнавме ниту еден мајстор или градежен работник.
За жал согворниците кои живеат на тој дел од Битола ни рекоа дека таква е состојбата уште од стартот на изградбата на градинката.
-Освем што е само заградено градилиштето, речиси три месеци воопшто не се работи на изградба на градинката, ни изјавија нашите соговорници.
Сите наши настојувања да бидеме информација од изведувачот на работите, фирмата БВ инженеринг зошто се прекинати или стојат в место работите, не вродија со плод.
Едноставно од фирмата никој не не удостои со одговор.
Навистина чудно е зошто фирмата БВ инженеринг ги стопира работите.
Инаку според планот градинката ќе се гради во 2 фази. Првата планирано е да биде завршена за 24 месеци.
Градинката зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.
Фирмата БВ инженеринг во изминатиот период, во мандатот на екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески добиваше многу тендери и работеше на многу објекти, но за жал некои од нив сеуште не се пуштени во употреба.