Don't Miss
Home / Вести / Почина 19 годишната девојка во Битола

Почина 19 годишната девојка во Битола

               

        Ковидот 19 ја однесе најмладата жртва во Битола.

        Во Битола само неколку часа по приемот во Клиничката болница,  19 годишната  битолчанка ја изгуби битката со пандeмијата.

        Младата битолчанка, која била со Даунов синдром, беше хоспитализрана со тешка клиничка слика, со симптоми на Ковид 19 и ниска сатурација.

        Само неколку часа по приемот уште пред лекарите  да и земат бриз за  тестирање, таа починала.

        Инаку во Битола вкупниот број на активни случаи изнесува 1.149 случаи, а моментно во Клиничката болница и Модуларниот ковид центар се  хоспитализрани 134 позитивни на Ковид 19.

        Моментно Битола е најголемото жарите на заразата  во државата. Во Регионалниот ковид  центар, за 24 часа  се примени  23 пациенти и сите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*