На денешната прес конференција опозиционата ВМРО ДПМНЕ пбара оствака од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
– Се поблиску сме до крајот од мандатот на градоначаничката Петровска и нејзините директори. Локалната самоуправа на СДСМ 3.5 години ја следи неспособност која остава хаос позади себе. На седницата на 5 април, кога Битола беше прогласена за град со најголем коефициент на пренос на заразата, советниците од власта гласаа за именување на управни и надзорни одбори и завршни сметки на претпријатијата. Предлогот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, беше единствена точка на дневен ред да биде состојбата со ковид кризната и како да им помогнеме на граѓаните, но не беше поддржана од страна на советниците од мнозинстовото,
Со тоа, покажаа дека поважно за нив, е назначување на партиските кадри отколку здравјето на битолчани. Некоординираноста на централната и локалната власт стигна до тој степен што градоначаничката Петровска предложи предвремено отворање на терасите на кафулињата во Битола, за по само неколку часа да се донесе мерка за затворање на истите.
И предлагаме на градоначаничката Петровска, наместо да пишува статуси со навреди кон битолчани со погрдни зборови, да им помогне во оваа тешка ситуација. Најлесно ќе помогни со ОСТАВКА ! Да понесе одговорност за водењето т.е. неводењето на кризниот штаб и само на тој начин ќе и помогне на битолчани, , беше речено на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.