Don't Miss
Home / Вести / Десет дена десетина плочки стојат откорнати

Десет дена десетина плочки стојат откорнати

       

        Веќе десетина дена на потезот кај Стаклената зграда на ГП “Пелистер“ стојат откорнати и раскопани  десетина плочки.

        Минувачите  на оваа фреквентна улица, каде дневно минуваат голем број граѓани,  се јавија во нашата редакција и се пожалија на овој проблем, кој претставува грда слика на градот.      

-Кога  локалната власт не може цели 10 дена да ги постави откорнатите десетина  плочки на Широк Сокак, тогаш што  се чудиме што други почнати  инфраструктурни проекти стојат незавршени, ни пишуваат нашите сограѓани.

И навистина денеска се уверивме дека плочките кај Стаклената зграда и кафулињата “ГТ“ и “Буре“ кои можат да се сменат за десетина минути стојат  откорнати  со денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*