Иако за сега нема официјална потврда за тоа, сепак од добро информирани извори првиот кандидат кој ја најави(л) својата кандидатура за градоначалник на Битола напрестојните локални избори, е архитектот Зоран Николовски.
Зоран Николовски е вработен во Заводот и Музеј Битола.
Тој е роден на 14.10.1968, во Битола. Има завршено архитектура на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Имено, според извори на порталот на Битолски весник, Зоран Николовски своите амбиции да биде кандидат за градоначалник на Битола им ги најавил на ВМРО ДПМНЕ и наводно побарал поддршка од партијата.
Дали тој ќе ја добие довербата на ВМРО ДПМНЕ останува да се види.
Но Зоран Николовски според упатените во политичките случувања во Битола веќе ја почнал својата (пред)изборна кампања за градоначалник со пишување на текстови на одредени теми на својата фејзбук страница и во некои портали.