Во Битола бројот на хоспитализирани лица се искачи на рекордни 152 лица позитивни на ковид 19.
Само во текот на вчерашниот ден беа хоспитализирани 25 нови пациенти. Меѓу хоспитализираните е и еден советник од Советот на Битола.
Расте бројот и на починатите кои во последните 24 часа изнесуваше тројца пациенти, на возраст од 61, 62 и 68 години.
Најмладиот хоспитализиран пациент во Битола е на возраст од 23 години, а највозрасниот на 95 години.