По подолго време од почетокот на пандемијата денеска во Битола, екипи на ЈП „Комуналец“ извршија вонредна дезинфекција пред сите градинки, основни и средни училишта и високо образовни институции, како и на автобуските постојки во градот.
Од кризниот штаб велат дека акцијата за дезинфицирање во Битола ќе продолжи и во наредните денови, на различни локации, особено на клупите и други места кои се често користени од населението.
Инаку на почетокот на пандемијата, дезинфекцијата на училиштата, државните и јавните институции како и станбените и индивидуалните објекти беше редовна пракса во градот под Пелистер, а на влезовите од Прилеп и Охрод беа поставени посебни “јами “ за дезинфекција на возилата.